Легендарната српска актерка Рада Ѓуричин почина денеска на 91 година во Белград, соопшти нејзината матична куќа Југословенско драмско позориште (ЈДП), каде одиграла над 40 улоги.
Дипломирала на ФДУ во класа со Никола Симиќ, Ружица Сокиќ, Љиљана Марковиќ и Бата Живојиновиќ.
Ја сметаат за актерка со најубава насмевка, оти тешко е да се најде фотографија од неа без насмевка на лицето. Одигра многубројни улоги, меѓу кои и Десанка Максимовиќ во истоимената серија, Александра Колонтајн во истоимената претстава, глумеше пред 50 години во филмот „Злосторство и казна“, легендарната серија „Врел ветер“, а во 1960-тите години глумеше и во странски филмови како „25. час“ со Ентони Квин во главната улога.
Соработуваше со најценетите српски режисери како Хуго Клајн, Мата Милошевиќ, Бојан Ступица, Мирослав Беловиќ, Бранко Плеша, Дејан Мијач, Боро Драшковиќ, Љубиша Ристиќ, Миленко Маричиќ, Вида Огњеновиќ и други. За време на нејзината долга кариера играла во претставите на Народниот театар во Белград, Ателје 212, театарот Звездара, КПГТ, театарот Битеф, Малиот театар Душко Радовиќ, Народниот театар во Ниш и Ужице, Мадленијанум и други помали и независни сцени.
Од 1959 до неговата смрт во 2013, Ѓуричин беше во брак со професорот Драгослав Поповиќ, кој ја предводеше групата научници од Институтот за нуклеарни науки во Винча, кои во октомври 1958 спровеле таен проект, при што биле изложени на смртоносна доза радијација, по што југословенската тајна полиција ги одвела во клиниката „Кири“ во Париз на лекување. Нуклеарната несреќа во Винчи се случи на 15 октомври 1958 во Институтот за нуклеарни науки во Винча, кога истече радиоактивен материјал од првиот нуклеарен реактор во Југославија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.