Бенџи Грегори, кој како момче глумеше во познатата телевизиска серија „Алф“, почина на 46-годишна возраст.Цел свет го памети Грегори како Брајан Танер во познатата серија „Алф“. Неговата сестра Ребека Фафингер ја потврди веста за смртта.

Според неа, Бунџи и неговото куче чувар биле пронајдени мртви во неговиот автомобил на 13 јуни, на паркингот на банка во Пеорија, Аризона. Во својата објава на Фејсбук таа навела дека Бенџи Грегори заспал во возилото и починал од топлотен удар.

Целиот свет го памети Грегори како Брајан Танер во познатата серија ALF, која првпат беше емитувана во септември 1986 година. Бенџи тогаш имаше само 8 години.Сестрата на Бенџи изјави за ТМЗ дека Грегори страдал од депресија, биполарно растројство и пореметување на спиењето што го држела буден со денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.