Камерон Дијаз, можеби најпозната по улогите во филмовите „Маска“, „Небо од ванила“ и „Чарлиевите ангели“, по пауза од осум години, се враќа со улога во проект на стрим-платформата Нетфликс.

Камерон Дијаз официјално се враќа од пензија!!! Таа ќе глуми со Џејми Фокс во нов филм на Нетфликс – и имаме една неочекувана личност на која ѝ благодариме што ја вративме ‘во акција’…“, гласи објавата на Нетфликс на Твитер.

„Неочекуваната личност“, која преку чет-разговор ја убедил глумицата да ѝ се приклучи на екипата, е всушност самиот Џејми Фокс, кој прв и ја објави веста.

Снимањето на филмот допрва треба да почне, па така, засега ни насловот сѐ уште не е соопштен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.