На новите фотографии актерот Пирс Броснан изгледа сосема непрепознатливо. Продуцентската куќа Sky Cinema објави фотографии за филмот „The Last Rifleman“ во кој славниот актер го игра ветеранот од Втората светска војна Арти Крафорд.

Пирс претрпе голема трансформација за улогата на воен ветеран, бидејќи требаше да му се додадат 20 години, односно во филмот глуми 92-годишник. Со помош на простетика, шминка и перика, 70-годишниот Пирс целосно се трансформирал и ретко кој би го препознал на прв поглед.

Филмот „The Last Rifleman“ е инспириран од вистинската приказна за морнаричкиот поручник Бернард Џордан, кој се најде на насловните страници во 2014 година, на 89-годишна возраст, откако избега од старечки дом. Со намера да ја одбележи 75-годишнината од слетувањето во Нормандија, тој го измамил персоналот во домот за стари лица да каже дека само ќе оди во самопослуга, а всушност го направил напорниот пат од Ирска до Франција за да му оддаде последна почит на неговиот најдобар пријател, но и да се соочи со духовите од минатото.

Филмот е во режија на Тери Лоан, а сценариото на Кевин Фицпатрик. Филмот ветува привлечна приказна заснована на вистински настани. Покрај Пирс Броснан, во филмот играат и Клеменс Поези, Јирген Прохнов, Џон Амос, Клер Раферти и Дезмонд Иствуд. Иако официјалниот датум на прикажување на филмот се уште не е познат, се очекува да се појави во кината следната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.