Млад Харисон Форд ова лето ќе ги краси филмските платна 25 минути со помош на новиот софтвер „Industrial Light & Magic“. Петтото продолжение на Индијана Џонс почнува со сцена од 1944-та година, околу осум години откако се одиграл „Indiana Jones and the Raiders of the Lost Ark“.

Новата технологија функционира само на реални лица

Веста за враќањето на Форд во неговите 30-ти години доаѓа неколку месеци откако „Disney“, кој го продуцирал филмот заедно со „LucasFilm“, објавил дека направил вештачка интелигенција која може да направи актерот да изгледа постар или помлад со релативна леснотија кон крајот на минатата година.

Истражувачите кои стојат зад оваа технологија, позната како „FRAN“, објасниле дека тоа би функционирало само со вистински луѓе доколку се достапни фотографии од тие лица во тие пози и осветлувања на помлади години.

Снимки од постарите улоги на Форд се извлечени од архивите на „LucasFilm“ за да може тоа да се постигне. Форд исто така имал точки по лицето за да му помогне на системот и реално да прикаже помлад човек. Потоа технологијата брзо го направила своето.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.