Магаренцето на МакеДокс патува веќе петнаесет години и стана препознатливо по своето волшебно самарче.
Патувачкото кино на МакеДокс раскажува и забележува приказни, тоа е неговата суштина. Спојува луѓе, енергии, судбини, преплетува исконски и современи приказни.
На културата гледа пошироко од кино сали и помпезни настани. Ги носи на грб филмовите и го полни самарот со прикани до кои ретко се допира, ако не се оди пред коперација, на сретсело, ако не се испие кафе или ракија, со некои добри луѓе.
Патувачкото кино на МакеДокс секоја година посетува нови 8-10 (помали) места и села во различни региони од Македонија. Сите проекции се сретсело, под отворено небо и се бесплатни.
Нашето магаренце во 2024 ќе се прошета во Битолско и Демирхисарско.
Годинава магаренцето ќе се растовари во:
- Смилево – 20 јули, 20.30 ч, сретсело
- Битола – 10 август, 20.30 ч, пред Офицерскиот дом,
- Цапари – 4 и 5 септември, 20.00 ч, сретсело
- Буково – 6 и 7 септември, 20.00 ч, сретсело
- Долно Оризари – 8 и 9 септември, 20.00 ч, сретсело
Првата проекција во Смилево е во соработка со Зрно-Фестивал на алтернативна фотографија и НУ Смилевски Конрес.
Се гледаме на проекција под отворено небо, за единствено доживување, се вели во објавата од организаторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.