55-годишната актерка сними документарец за себе за Нетфликс со наслов Pamela, A Love Story, а содржината ќе пристигне на платформата на 31 јануари.

Документарецот е составен од искрени признанија за нејзините шест неуспешни бракови, а ќе го продуцираат нејзините сега веќе возрасни синови Брендон и Дилан Ли, кои ги има со Томи Ли. Токму тие ја убедија да ја сподели својата приказна.

„Споделувањето на мојата приказна е пред сè возбудливо. Моите деца продуцираат документарен филм за Нетфликс и мемоарите се навистина терапевтски. Го напишав минатата година, а исто така ја пишувам и мојата биографија“, рече ѕвездата од серијата „Бејвоч“. .

Дополнително, документарецот пристигнува како одговор на серијата Pam & Tommy, која го прикажува животот на Пем со акцент на украдената секс снимка на која се гледа со нејзиниот тогашен партнер Томи. Со новиот документарец и книга, Андерсон сака да им го покаже на луѓето сопствениот живот од нејзина перспектива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.