Во Сараево падна последната клапа од снимањето на серијата „Тома“, посветена на легендарниот пејач Тома Здравковиќ , откако филмот Тома доживеа огромен успех во регионот.
View this post on Instagram
Режисерот Драган Бјелогрлиќ на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии од снимањето и порача: „Тома/серија… уште малку“.
Актерот Петар Бенчина, кој одигра забележителна улога во филмот „Тома“ – докторот Алекса Хаџиповиќ, со своите следбеници ги сподели првите кадри од серијата. Ова се сцените кои се случуваат во ВМА, во кои учествува и Милан Мариќ кој го игра Тома Здравковиќ.
Сценариото за овој проект го потпишуваат Драган Бјелогрлиќ и Никола Пејаковиќ. Бјелогрлиќ ќе ја има и улогата на продуцент, заедно со Жељко Јоксимовиќ.
Актерот Милан Мариќ, кој го толкува ликот на Тома, беше ’барана роба’ на сетот и сите сакаа да се фотографираат со него. Како што пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина, серијата ќе има 10 епизоди.
Како и во филмот, улогата на Силвана Арменулиќ ќе ја толкува Тамара Драгичевиќ, а ќе учествуваат и Петар Бенчина, Мирјана Карановиќ, Андрија Кузмановиќ, Слободан Бода Нинковиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ и други.
&
View this post on Instagram
nbsp;
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.