Метју Пери не умрел од предозирање со фентанил или метамфетамин, пренесува TMZ.

Фентанилот се нарекува дрога „зомби“ која наводно е полоша од хероинот, додека метамфетаминот е синтетичка дрога, позната и како „кристал мет“.

Првите обдукциски тестови покажале дека познатиот Чендлер од „Пријатели“ немал ниту еден од овие два лека во својот организам.

Сепак, ТМЗ наведува дека е важно да се напомене дека сè уште се спроведуваат подетални тестови како дел од токсиколошките испитувања за да се анализира дали имало други нелегални лекови во неговата крв и дали нивото на лековите на рецепт биле во штетни дози.

Овие резултати веројатно ќе се чекаат од 4 до 6 месеци, а кога ќе се соберат сите овие информации, судскиот вештак ќе ги утврди причината и начинот на смртта.

Да потсетиме, Метју почина на 28 октомври на 54-годишна возраст, во џакузито на неговата вила во Лос Анџелес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.