Осмиот по ред Меѓународен филмски фестивал за културни, духовни и хумани вредности – “Богородичен Покров“, кој е единствен од ваков жанр во нашата држава, се одржува со благослов на г.г.Стефан, Архиепископ Охридско Македонски.
Истиот годинава се одржува on line од 25 ноември до 1 декември 2023. година.
Во програмата на фестивалот се прикажуваат документарни филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови.
Фестивалот е основан 2016. година и досега е поддржан од 12 Амбасади во државата и бројни стопански субјекти.
Почесен претседател на фестивалот беше проф. д-р Јован Таковски, протојереј –ставрофор, од 2016 до 2022 година, одликуван со златен медал “Св. Климент Охридски” на државно ниво. За жал, тој годинава се упокои и во негов спомен Фестивалот ќе започне со неговото последно, досега необјавено интервју, посветено на јавувањето на Пресвета Богородица во село Умлена, каде што тој лично бил сведок. Интервјуто ќе се емитува на 25 ноември, сабота, во 21.00 часот,
линк на македонски https://youtu.be/YAKAr6XJvwY
линк на српски – https://youtu.be/gQYd0dXiz-M
Од годинава, нов почесен Претседател на Фестивалот е проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, професор на Богословски Факултет “Св.Климент Охридски” во Скопје, автор на многу дела и трудови од доменот на богословските науки и поранешен амбасадор на Македонија во Светата Столица, Ватикан.
Свеченото отворање на Фестивалот ќе биде на 25 ноември, сабота, во 21.30 минути со српскиот документарно-игран филм посветен на големиот Светител Јаков Тумански, на Coolture- Србија, ЛХС студио, Артпроект тим и УТС продукција, а чиј продуцент е и г-дин Милан П. Киќевац, кој по овој повод има и интервју за МИА. Филмот имаше промоција минатата година во Белград и предизвика голем интерес кај публиката, а го следеа 18 ТВ куќи од Србија. линк до филмот – https://youtu.be/_hqsEnuUXbw
Свеченото затворање на Фестивалот е на 1 декември, во 21.00 часот со рускиот филм “Господе! Го чуствувам твоето доаѓање”. Овој најнов документарен филм е посветен на најголемиот режисер на сите времиња Андреј Тарковски, чие сценарио се состои од необјавениот негов дневник и интервјуа и е илустриран со неговите филмови.
линк до филмот на македонски – https://youtu.be/2rGfUqNBhmA
линк до филмот на српски – https://youtu.be/AzDv6e05q8Q
Програмата на фестивалот се состои од руски, српски, романски и македонски филмови. Фестивалот нема комерцијален карактер, сите филмски проекции и програми се бесплатни. Мисијата на Фестивалот е да ги негува и шири духовните вредности меѓу луѓето и да се едуцираат младите генерации во насока на духовност, љубов, добрина, морал и пожртвуваност!, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.