Во среда, на 5 јуни 2024 година, во Кинотека на Македонија, со почеток во 19:00 часот, ќе биде прикажан документарниот филм „AGADEZ, THE MUSIC AND THE REBELLION“. Истата вечер со почеток во 21:00 часот ќе се одржи проекцијата на документарниот филм „CESÁRIA ÉVORA“. Проекциите се во рамките на 23-то издание на OFFest.

AGADEZ, THE MUSIC AND THE REBELLION – documentary film
Directed by: Ron Wyman
Written by: Jack McEnany
Year: 2010
With: Jeremy Keenan, Omara Moctar (Bombino), Thomas Seligman
Runtime: 75 min.

За Туарезите, пустината е слобода. Музиката е моќ. Туарешките номади живееле во пустината Сахара со векови, поврзувајќи ги Северна и Западна Африка со своите карвани од камили. Омара „Бомбино“ Моктар, исклучителен туарешки гитарист Од Агадез, Нигер, ја користи музиката за да ја инспирира новата генерација да се адаптира на модерниот свет. Токму овој филм (создаден во исто време со неговиот прв албум „Agadez“), го лансираше Бомбино како светска музичка ѕвезда. Започнува за време на неговиот егзил во Буркина Фасо, кратко по бунтовништвото во Нигер (2007), и го следи неговото враќање во Агадез каде тој го слави крајот на отпорот со неговиот легендарен концерт во Агадез. Оттогаш, Бомбино интензивно настапува низ целиот свет, раскажувајќи ја приказната за неговата култура и за фасцинантниот регион од каде што доаѓа. Филмот го следи и до Нешвил во 2012 година, каде што неговиот втор албум, „Nomad“ беше продуциран од Ден Ауербек од The Black Keys, кој го забрза неговото устоличување во светска музичка сензација.

 

CESÁRIA ÉVORA – documentary film
Directed and written by: Ana Sofia Fonseca
Year: 2022
With: Cesária Évora, Janete Évora, José da Silva
Runtime: 94 min.

Овој филм исцртува моќен портрет на легендарната пејачка Сезарија Евора, жена родена во колониjалното Кабо Верде, која успеа се искачи во височините на музичкиот свет, во континуирана потрага по слободата пред сè. Иако нејзиниот свет се менувал околу неа, како што го минувала патот од мизерија и сиромаштија до неверојатен светски успех, потребата за слобода останува. Овој документарен филм ги следи различните политички и социјални контексти на животот на Евора, но и универзалните теми како слободата и расната и родовата нееднаквост, илустрирани со бројни досега невидени архивски и оригинални снимки, и уникатни сведочења од луѓето што ја познаваа легендата. Режисерката Ана Софија Фонсека во овој филм користи повеќе техники за постепено откривање на духот на славната пејачка, моќната жена и инспиративната африканска икона. Филмот вклучува и актуелни снимки од Кабо Верде, омилениот дом на босоногата дива, доловувајќи ја поезијата на морето, земјата и воздухот што ја обликувале оваа фасцинантна жена и уметница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.