„The Banshees of Inisherin“ и „Everything Everywhere “ доминираа во номинациите на САГ наградите (Screen Actors Guild Awards) за 2023 година во средата, односно награди кои ги доделува здужението на актерите.
Како и „Златните глобуси“, се сметаат за предвесник на „Оскарите“, барем кога се наградите во прашање.
Двата филма постигнаа по пет номинации, израмнувајќи го рекордот за најмногу номинации што претходно го поставија „Вљубениот Шекспир“ (1998), „Чикаго“ (2002) и „Сомнеж“ (2008).
И двата филма се кандидирани за наградата за најдобар ансамбл, која се смета за највисока чест на наградите. Тие ќе се натпреваруваат за наградата со холивудската драма на Дејмиен Шазел „Вавилон“, полуавтобиографската приказна на Стивен Спилберг „The Fabelmans“ и погледот на Сара Поли за сексуалниот напад во религиозна заедница, „Жените зборуваат“.
„The Banshees of Inisherin“ , мрачната ирска комедија на писателот и режисер Мартин Мекдона, синоќа а ја освои наградата за најдобар филм, мјузикл или комедија на Златните глобуси. Заработи четири номинации за актерски имиња како Колин Фарел, Брендан Глисон, Бери Кеоган и Кери Кондон.
„Everything Everywhere“, иновативната мултиверзумска басна од режисерското дуо Даниелс, доби номинации за Мишел Јео и Ке Хуј Куан, кои и двајцата добија и Глобус. Но, покажа дополнителна сила со подигање на номинациите за споредна актерка за Џејми Ли Кертис и ѕвездата Стефани Хсу.
Наградите SAG исто така најдоа нов дом. Шоуто ќе се емитува на каналот на YouTube на Нетфликс оваа година, а потоа ќе се префрли на стримерот во 2024 година.
Церемонијата ќе се одржи во недела, на 26 февруари, во Fairmont Century Plaza во Лос Анџелес.
Еве ја комплетната листа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.