Овогодинешното доделување на европските филмски награди ќе се одржи во декември во Берлин, а веќе е позната листата на кандидати за најдобар филм на годината. Во конкуренција се вкупно 19 дела, меѓу кои две од регионот.

Првиот е филмот на македонската режисерка Теона Стругар Митевска „Најсреќниот човек на светот“, а вториот е „Безбедно место“ на хрватскиот режисер Јурај Леротиќ, кој беше и кандидат на Хрватска за годинешниот Оскар.

Во конкуренција, очекувано, се победникот на годинешниот фестивал во Кан, „Анатомија на падот“, како и новиот филм на Аки Каурисмеки, „Паднати лисја“. Во изборот е и последното дело на уште еден голем европски кинематографер, Кен Лоуч, „Стариот даб“.

Италијанскиот филм има двајца кандидати. Во конкуренција се новото дело на легендарниот режисер Марко Белоки „Рапито“, како и деветтото долгометражно дело на Алиќа Рорвахер „Ла Химера“.

Меѓу кандидатите е и прославената дебитантска драма на Моли Менинг Вокер „Како да имаш секс“, како и победничката на Сараевскиот филмски фестивал „Blackbird Blackbird Blackberry“ (Елена Наверијани).

Останатите филмови во конкуренција се „20.000 видови пчели“ (Estibaliz Solaguren), „Afire“ (Кристијан Пеколд), „Behind the Haystacks“ (Asmina Predru), „Close Your Eyes“ (Viktor Erise), „Femme“ ( Сем Фримен, Чун Пинг), „Firebrand“ (Карим Аинуз), „Slow“ (Марија Кавтарадзе), „The Animal Kingdom“ (Томас Каје), „Случајот Голдман“ (Cedric Khan) и „The Teachers’ Lounge“ ( Илкер Чатак).

Минатата година на наградите доминираше „Триаголник на тагата“ на Рубен Остлунд, кој доби четири од петте главни награди.

Наградата оваа година ќе се одржи на 9 декември во Берлинската Арена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.