Канадскиот актер познат по серијата „Пријатели“, Метју Пери, починал од дејство на кетамин, објавено е во извештајот по направената обдукција.

Овој извештај доаѓа откако речиси два месеци се чекаа анализите и причината за смртта на познатиот актер.

Давење, болест на коронарната артерија и ефекти на бупренофин, се наведени како фактрои за смртта на актерот. Во извештајот се наведува дека Пери бил на терапија со кетамин, а неговиот последен третман бил 10 дена пред смртта.

Смртта настапила по земање на наркотици, на непознат начин, но пронајден е во куќниот базен.

Во куќата биле и лекови кои се издаваат на рецепт, но обдукцијата покажала дека ништо од тоа не е најдено во неговото тело. Во извештајот се констатира дека нема знаци на траума ниту сомнеж за насилна смрт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.