На 7 ноември, љубителите на филмот ќе имаат можност да уживаат во премиерата на долгоочекуваниот филм „Нула калории“ (оригинален наслов: Club Zero), кој провокативно ја третира темата за свесното консумирање храна и неговите екстремни форми. Филмот на австриската режисерка Џесика Хауснер ни носи еден необичен и впечатлив поглед на воспитно-образовниот процес во еден меѓународен интернат.
Главниот лик, госпоѓица Новак, одиграна од харизматичната Миа Васиковска, е новата наставничка која воведува свои методи на подучување за здраво и одговорно консумирање храна. Сепак, нејзината радикална идеја дека „помалку е поздраво“ предизвикува несогласувања со другите наставници и загриженост кај родителите. Она што започнува како часови по свесност за храната, набрзо се трансформира во „Клубот со нула калории“ – клуб во кој строгите правила ја поместуваат границата на здравата исхрана.
Филмот ги обединува елементите на драма и комедија и успева на сатиричен начин да ја истражи современата опсесија со диети и идеалот за совршено тело. Покрај Васиковска, филмот блеска со младите таленти Ксенија Девријенд и Лук Баркер, кои вешто ги доловуваат психолошките предизвици и влијанија врз младите луѓе кои се дел од новоформираниот клуб.
„Нула калории“ е копродукција на Австрија, Велика Британија, Германија, Франција и Данска, што дополнително зборува за меѓународниот карактер и универзалноста на приказната. Со времетраење од 110 минути, филмот е категоризиран во Четвртата категорија и претставува храбра и отворена приказна која ќе ве натера да размислите.
Нула калории:
Госпоѓица Новак се придружува на персоналот на меѓународниот интернат за да подучува за совесното консумирање храна. Сепак, нејзините принципи не се совпаѓаат со очекуваното и нагласува дека е поздраво да се јаде помалку. Останатите наставници полека забележуваат што се случува, но додека родителите сфатат, Клубот со нула калории станува реалност.
Оригинален наслов: Club Zero
режија: Jessica Hausner
улоги: Mia Wasikowska, Ksenia Devriendt, Luke Barker
премиера: 07.11.2024
времетраење: 110′
земја: Австрија, Велика Британија, Германија, Франција, Данска
жанр: драма, комедија
Категоризација: Четврта категорија
Комерцијална објава
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.