Објавен е првиот трејлер за „Ренфилд“, филмот за Дракула со Николас Кејџ во главната улога. И покрај љубопитноста на обожавателите на Николас Кејџ иестетиката на грофот Дракула во претстојниот филм, актерот оскаровец не е главниот лик.

Наместо тоа, дејствието се врти околу Николас Хулт, кој ја игра десната рака на грофот од Трансилванија, Ренфилд.

Ренфилд започнува како лојален слуга, кој постепено се разочарува од извршувањето на злосторствата на Дракула. Кога полицајката (ја игра Авквафина) ќе му го привлече вниманието, љубовта го поттикнува Ренфилд да се сомнева во својот поглед на животот и својата подготвеност да продолжи да му помага на Дракула.

Во актерската екипа се и Бен Шварц, Адријан Мартинез, Шорех Агдашло, Бес Рус и други.

Во делата на Стокер, Ренфилд е прикажан како затвореник во лудница, кој јаде живи суштества, бидејќи верува дека нивната крв ќе го направи бесмртен. Сепак, Стокер на крајот открива дека овие необични постапки се резултат на перењето на мозокот на Дракула.

Режисер на „Ренфилд“ е Крис Мекеј, кој претходно го режираше „Лего Бетмен филм“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.