Во Белград во тек е снимањето на новото продолжение на познатата серија „Жикина династија“ во режија на Милан Коњевиќ, а по сценарио на Милена Марковиќ.

Во главната улога ќе го видиме Никола Која, Весна Чипчиќ повторно ќе биде Фрау Елса, Владимир Петровиќ повторно ќе го оживее Боба, а вистински засилувања ќе бидат младите Никола Брун и Гаврило Иванковиќ.

Новиот филм ќе се вика „Враќањето на Жикината династијата“, а главната улога ќе ја толкува Никола Којо, кој по повеќе од 30 години се враќа во ликот на Миша Павловиќ. Синовите на Миша, кои одамна ги нема видено, доаѓаат во Србија затоа што живеат со Наташа во Москва, но кога ќе пристигнат момците кои ги носат имињата на нивните прадедовци – Жика и Милан, започнува нова луда година со смеа, авантури и семејни вредности.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.