Пријателите на Џек Николсон се загрижени за него бидејќи повеќе од една година не се појавил во јавност.

Тие се плашат дека неговиот начин на живот не е добар за неговото здравје и наведуваат дека се однесува како волк самотник. Николсон повеќе не се појавува ниту на натпреварите на Лејкерс, кошаркарскиот тим за кој страсно навива.

Ѕвездата која има 6 деца, последен пат беше видена на кошаркарски натпревар на Лос Анџелес Лејкерс во октомври 2021 година со својот син Реј. Оттогаш поголемиот дел од времето го поминува сам во својата вила на Беверли Хилс.

Пријателите на Николсон наводно се плашат дека неговите последни години наликуваат на оние на неговиот пријател Марлон Брандо, кој почина како самотник во 2004 година.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.