Култното остварување на браќата Коен, ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ денеска во Кинотека ќе биде проектиран на оригинална 35 милиметарска филмска копија.

27 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ
(The Big Lebowski)
Игран филм, САД
1998, 117 мин., колор, 35мм
Режија: Џоел Коен, Итан Коен (Joel Coen, Ethan Coen)
Сценарио: Џоел Коен, Итан Коен (Joel Coen, Ethan Coen)
Улоги: Џеф Бриџис, Џулиан Мур, Стив Бушеми, Дејвид Хадлстон, Џон Тортуро (Jeff Bridges, John Goodman, Julianne Moore, Steve Buscemi, David Huddleston, John Turturro)

Џеф „The Dude“ Лебовски (игран од Џеф Бриџис) е опуштен, мрзелив и страстен играч на куглање од Лос Анѓелес. Тој е жртва на напад, во кој му го уништуваат неговиот скапоцен тепих. Дознава дека нападот е поради погрешен идентитет, го помешале со милионерот кој се вика исто како него – Џеф Лебовски. Бара реституција за својот уништен тепих и ги ангажира своите пријатели од кугланата да му помогнат.
ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ е американски филм од 1998- година, напишан, продуциран и режиран од најпознатите браќа на современиот американски филм, браќата Џоел и Итан Коен. Филмот е крими-комедија, лабаво инспирирана од делата на Рејмонд Чендлер, со сложен заплет кој на крајот не е толку важен, колку што остава простор да се развијат широка лепеза на исклучителни и неверојатни (offbeat) карактери.
ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ не поминува толку добро кај критика во времето кога се појавува. Но, со текот на времето, прераснува во култен филм, до таа мера што во 2005 година се основа движење/религија Дјудеизaм (Dudeism) која е посветена на ширење на филозофијата и начинот на живот на главниот лик во филмот. ГОЛЕМИОТ ЛЕБОВСКИ денес е еден од најпрепознатливите филмови на браќата Коен, каде се присутни сите елементи од нивниот стил: ексцентрични ликови, генијални комични секвенци и духовити идиосинкратични дијалози.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

Програмата во ноември во Кинотека ќе биде заокружена со презентација на неколку наслови од филмографијата на авторката на документарци, Петра Селишкар. Тие се со различни содржини, од различни жанрови, а го претставуваат светогледот на авторката.

РЕТРОСПЕКТИВА НА ПЕТРА ПАН ПРОДУКЦИЈА

27 НОЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

ДЕНОВИ НА ЛУДИЛО
(Dani ludila / Days of Madness)
Документарен филм, Хрватска / Словенија
2018, 73 мин., колор, ДЦП
Режија: Дамиан Ненадиќ (Damian Nenadić)
Сценарио: Дамиан Ненадиќ (Damian Nenadić)
Улоги: Младен Бадјун, Леон Лучев, Маја Шќуканец (Mladen Badjun, Leon Lučev, Maja Šćukanec)

Преку партиципативниот метод на снимање филм, приказната нè води низ деинституционализацијата и социјализацијата на ментално болните лица.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.