2 СЕПТЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

НАЈТЕШКОТО НЕШТО

(Aci Kiraz)

Игран филм, Македонија, Турција

2023, 95 мин., колор, ДЦП

Режисер: Сердар Акар (Serdar Akar)

Сценарио: Оливер Ромевски (Oliver Romevski)

Улоги: Белџим Билгин, Ердал Бешикчиоглу, Ертан Шабан ( Belçim Bilgin, Erdal Besikçioglu, Ertan Saban)

 

Постојат настани со коишто порано или подоцна ќе мора да се соочиме, без оглед дали се добри или лоши. Но, она што нè дефинира не се настаните или нивниот исход, туку изборот што самите сме го направиле. НАЈТЕШКОТО НЕШТО е современа драма за преживувањето на најтешките ситуации во животот и тактиките што човек ги користи за да ги надмине ваквите предизвици. Сценариото е на Оливер Ромевски, познат по романите со интригантни трилер и криминалистички приказни. Дејствието на филмот кое се одвива во актуелно време, прикажува неколку преплетени животни судбини чии патишта се вкрстуваат во определен миг.

 

НАЈТЕШКОТО НЕШТО е приказна за згаснати животи и расцутени надежи. Стар земјоделец-одгледувач на цреши, трговец-измамник што е заглавен во долгови до гуша, мафијаш што се занимава со трговија на луѓе, измамени бегалци на својот пат кон посветла иднина, татко што се бори да го спаси своето дете кое боледува од леукемија… Сите се дел од приказната за преживување во една земја, земја на многу религии, јазици и идентитети.

Во главните улоги се турските актерски ѕвезди: Ердал Бешикчиоглу, во чија филмографија се впишуваат и главна улога во култната серија „Бехзат Ч.“, во филмот „Мед“ што беше добитник на „Златна мечка“ на Берлинскиот филмски фестивал и многу други; Белчим Билгин, позната по филмовите „Сонот на пеперутката“, „Љубовта ги сака случајностите“, „Сезона на носорогот“ серијата „Сети се сакана“; нашиот актер Ертан Шабан кој се прослави во Турција, Халил Ерѓун, познат на нашите гледачи како Али Риза од серијата „Кога лисјата паѓаат“ и наши познати и успешни актери и актерки: Луран Ахмети, Бедиа Бегова, Сара Климоска, Сузан Акбелге, Џенап Самет, Дениз Абдула, Ивана Павлаковиќ, Ерман Шабан, Неат Али, Осман Али и многу други.

 Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 150 денари

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.