Успешно реализирани активностите во рамките на кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, наменета за повозрасната популација. Забавниот караван со игранки и кино проекции патуваше во Скопје, Битола и Неготино. Во рамките на активноста „На кино со баба и дедо“ која се реализира во соработка со Кинотеката, во Скопје беше прикажана антологиската македонска комедија „Мирно лето“, а во Битола современата семејна драма „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперковски.

За кинопроекциите имаше голем интерес и многу пофални зборови, како од повозрасните, така и од нивните деца и внуци кои ја сфатија пораката и времето за на кино го посветија на своите родители, баби и дедовци, постари роднини и пријатели, велат организаторите.

Во предновогодишниот период сакавме на повозрасните околу нас, па дури и нашите најблиски да им овозможиме малку релаксација и моменти за културен и активен социјален живот.  Токму затоа во оваа наша акција предвидовме филмски проекции, но и ретро-игранки на кои уживаа сите, без разлика на генерациската припадност. Насмевките и кај најмладите и кај највозрасните нѝ се доволен показател дека креираме нешто добро. Во година на економска неизвесност, не забораваме и дека важни се луѓето, важна е секоја нивна приказна, подвлече Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје, организатори на големата кампања.

По кинопроекциите, караванот продолжи со ретро-игранки во неколку домови за стари лица низ Македонија, каде што корисниците ги забавуваше доајенот на македонската фолк-естрада Блага Петреска, а тие испратија инспиративни совети за сите помлади луѓе.

„Да ги слушнеме и гушнеме“ е почит кон повозрасните и потсетување за помладите дека генерациите кои нè пораснаа имаат уште многу што да кажат, а ние уште многу што да научиме од нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.