Вечерва со почеток  во 19 часот во кино „Манаки“ во Битола ќе биде прикажан македонскиот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперковски. Проекцијата е дел од кампањата „На кино со баба и дедо“.

Супер акција, супер кампања, се надевам ќе стане традиција, честа иницијатива и постарите и помладите заедно да одат на кино. Се надевам дека ќе прерасне во традиција што ќе се негува со години – вели во својата поддршка режисерот Пиперковски.

Влезот на кинопроекцијата на емотивната семејна драма на Пиперковски, вечер во битолското кино „Манаки“ е бесплатен, а се реализира во соработка со Кинотеката на Македонија.

„На кино со баба и дедо“ е само една од активностите на големата кампања „Да ги слушнеме и гушнеме“, што Халкбанка ги реализира со цел да го сврти вниманието кон повозрасните сограѓани за да покаже дека се важен дел од општеството. Воедно кампањата ги потсетува помладите дека оние пред нас се важни чувари на мудроста, генерација од која има уште многу што да се научи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.