Познатата италијанска актерка е стилизирана за оваа корица така што е и привлечна и одмерена во исто време – проѕирната блуза е споена со црни панталони, а на нејзиното лице доминираше појака шминка. Во коментарите ја пофалувале и многумина се согласиле дека таа е една од најубавите жени на светот досега. Да потсетиме, Моника пред извесно време зборуваше за „Сандеј тајмс“ и во таа прилика истакна дека сака да остари на мирен начин: „Не сум опседната. Отсекогаш сум била жена со облини , никогаш премногу слаба, тоа е мојата природа. И сакам да остарам на мирен начин“, рекла таа. „Кога имате 50 или 60 години, ги немате истите потреби како кога сте имале 20 години. Годините ни даваат поинаква перспектива“, објаснила таа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.