Договорен е првиот филм кој ќе се работи во новото студио за колор корекција и монтажа, соопштија од „Вардар филм“.
Договорена е првата соработка во новото студио за колор корекција и монтажа при НУФЦ ˮВардар филмˮ – Скопје со филмската продукција Hithra films која ќе го користи студиото за реализација на дел од постпродукцијата на краткиот игран филм „Штрајк“, кој е во режија на младиот и надежен режисер Ханис Багашов.
На продукцијата и посакуваме успешна реализација и ги повикуваме сите продукциски куќи кои се заинтересирани, да не посетат и да ги видат условите и можностите кои ги нуди студиото, велат оттаму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.