Американскиот актер Мет Лебланк денеска зборуваше за неодамнешната смрт на неговиот колега од „Пријатели“ Метју Пери, велејќи дека му е чест да го нарече Пери свој пријател.
„Метју, со тешко срце се збогувам. Времето што го поминавме заедно е меѓу моите омилени моменти во мојот живот. Ми беше чест да ја споделам сцената со тебе и да те наречам мој пријател“, напиша Лебланк на Инстаграм.
Тој му порача на Пери дека никогаш нема да го заборави и дека секогаш ќе се насмевнува кога ќе помисли на него. “Никогаш нема да те заборавам. Никогаш. Рашири ги крилјата и летај, брате мој. Конечно си слобенни. Многу љубов. И претпоставувам дека ги задржуваш 20-те долари што ми ги должиш“, напиша Лебланк.
Метју Пери почина на 28 октомври на 55-годишна возраст. Тој е пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес, а причината за смртта останува непозната. На почетокот на ноември, тој беше погребан на гробиштата Форест Лон во близина на Лос Анџелес, каде почиваат многу филмски ѕвезди, а кои се наоѓаат во близина на студиото на Ворнер Брос, каде што се снимаше „Пријатели“. Покрај семејството и најблиските пријатели, на погребот присуствуваа и колешките од „Пријатели“ на Метју, Џенифер Анистон, Лиза Кудроу, Кортни Кокс, Дејвид Швимер и Мет Лебланк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.