Во периодот од 6ти до 12 ти ноември, во рамки на проектот „Месец на европски филм“ во Битола, Скопје и онлајн на ВОД платформата Cinesquare.net, бесплатно ќе бидат прикажани вкупно 10 европски филмови, соопштуваат од Здружението на филмски продуценти на Македонија.

Организатор на проектот е Здружението на филмски продуценти на Македонија МЗФП од Скопје, а проектот се реализира со поддршка од Општина Битола.

Распоред на проекции:

06.11.2023 (Понеделник) – кино „Манаки“ – Битола
/ 11:00ч / “Брат ми брка диносауруси“, 101 мин.
/ 13:00ч / “Пепел“, 18 мин.

07.11.2023 (Вторник) – кино „Манаки“ – Битола
/ 11:00ч / “Макс и бесната дружина“, 87 мин.
/ 13:00ч / “Сама“, 18 мин.

09.11.2023 (Четврток) – кино „Манаки“ – Битола
/ 11:00ч / “Атлас“, 88 мин.
/ 13:00ч / “Готлиб“ 10 мин.
/ 13:15ч /„Змијулче“, 10 мин.

10.11.2023 (Петок) – кино „Манаки“ – Битола
/ 11:00ч / “Стакленото момче“, 95 мин.
/ 13:00ч / “Кавал“ 10 мин.
„Трафика“, 6 мин.

10.11.2023 (Петок) – Кинотека на Македонија (Скопје)
/ 20:00ч/ „АТЛАС“88 мин.

Од 06.11.2023 до 12.11.2023 – Онлајн на платформата Cinesquare.net
“Атлас“, 88 мин.
“Брат ми брка диносауруси“, 101 мин.
“Стакленото момче“, 95 мин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.