Мег Рајан пристигна во Сараево . Вечерва ќе присуствува на Сараевскиот филмски фестивал, каде ќе и биде врачена почесната награда „Срцето на Сараево“ за нејзиниот придонес во филмската уметност, пишува Klix.ba.

Денеска во босанскиот културен центар ќе се одржи мастерклас, кој ќе го модерира режисерот Данис Тановиќ. Мастеркласот ќе биде можност да се добие увид во клучните аспекти на кариерата на Мег Рајан и нејзиниот нов филм „What Happens Later“, кој ќе биде прикажан на фестивалот.

Оваа романтична комедија ја режираше Рајан, таа го напиша сценариото и во него глуми заедно со Дејвид Духовни. Тоа е нејзино второ режисерско дело по независниот филм „Итака“ од 2015 година.

“Мег Рајан ги освои нашите срца на прв поглед. Не само што не шармираше сите со своите незаборавни изведби, туку и ја докажа својата вештина зад камерата како режисер и сценарист. Чест ни е да и го доделиме “Срцето на Сараево”, изјавил Јован Марјановиќ, директор на Сараевскиот филмски фестивал.

Мег Рајан доби широко распространето признание за нејзината прва улога номинирана за Златен глобус како Сели Олбрајт во филмот Кога Хари ја запозна Сали, во режија на Роб Рајнер и сценарио на Нора Ефрон. Таа продолжи да глуми во хит романтичната комедија на Нора Ефрон Романса во Сиетл, заедно со Том Хенкс, што и донесе втора номинација за Златен глобус.

Нејзината последна соработка со Ефрон и Хенкс беше романтичната комедија You’ve Got a Message, која повторно и донесе меѓународно признание на Рајан и трета номинација за Златен глобус.

Таа, исто така, доби признанија за нејзините уникатни драмски портрети, вклучително и играњето наспроти Дензел Вашингтон како првата жена војник номинирана за Медал на честа во „Храброста на воинот“ на Ед Цвик и за нејзиниот портрет на жена со проблем со алкохолот во „Кога мажот сака жена“ на Луис Мандоки, во кој глуми заедно со Енди Гарсија. Таа освои номинација за наградата Independent Spirit за филмот „Ветената земја“ од Институтот Санденс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.