Американскиот режисер Мартин Скорсезе е добитник на почесната награда „Златна мечка за животно достигнување“, која ќе му биде врачена на 74. издание на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал („Берлинале“) во февруари, објавија организаторите на фестивалот.

„За секој што гледа на филмот како на уметност која е способна да ја обликува приказната за да биде истовремено универзална и лична, Мартин Скорсезе е ненадминат модел… Затоа е големо задоволство и чест за нас уште еднаш да го поздравиме нашиот голем пријател на фестивалот и да му ја врачиме нашата најважна почесна награда“, се вели во изјавата на режисерите Мариет Рисенбек и Карл Чатријан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.