Кинотека ќе го заокружи месец ноември за презентација на неколку наслови од филмографијата на авторката на документарци, Петра Селишкар. Тие се со различни содржини, од различни жанрови, а го претставуваат светогледот на авторката.

28 НОЕМВРИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

МАМА ЕВРОПА
(Mama Europa)
Документарен филм, Словенија / Македонија / Хрватска
2013, 90 мин., колор, ДЦП
Режија: Петра Селишкар (Petra Seliškar)
Сценарио: Петра Селишкар (Petra Seliškar)

МАМА ЕВРОПА е приказна за Европа видена низ очите на шестгодишната Тера. Родена на Балканот, но израсната како граѓанин на светот од татко со кубанско-македонско потекло и мајка со словенечки корени, малата Тера многу бргу учи што е тоа граница.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

28 НОЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

АКО НИКОЈ НЕ СВИРИ
(If Nobody’s Playing)
Документарен филм, Македонија
2010 г., колор, 54 мин., ХД-видео
Сценарио: Ѓорѓи Јаневски
Режија: Ѓорѓи Јаневски

АКО НИКОЈ НЕ СВИРИ одблиску ги следи почетоците на бендот „Бернајс пропаганда“ низ секојдневниот предизвик да се живее за музиката и е приказ на подземната историја на скопската рокенрол сцена, за нејзиниот автентичен урбан сензибилитет и неисцрпна креативна енергија.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.