Од 17. до 23. јули во Охрид ќе се одржи 6-то издание на Beach Film Festival под отворено небо.

„Живи и здрави” е првиот филм од официјалната селекција на долгометражни филмови со македонска премиера на официјално отворање првата фестивалска вечер. Филмот е македонска копродукција со „Круг Филм“ со Никола Ристановски во една од улогите и со музика од Тони Китановски.

На фестивалот ќе бидат прикажани филмови од Франција, Холандија, Германија, Унгарија на локации Плажа Славија и Брод Армада.

Четиричленото жири на 7. издание на БФФ во состав Julián Génisson, Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka ќе ги додели наградите: Голем бран за најдобар долгометражен филм и Стефан Сидовски Сидо за најдобро актерско остварување.

Во склоп на Фестивалот ќе се одржи и Филмска работилница наменета за сите средношколци и студенти кои имаат интерес за како изгледа еден процес позади секој филм и чекор по чекор ќе се покаже како од идеја до реализација се работи еден филм, вклучувајќи пишување на сценарио, снимање и монтажа.

Оваа работилница „Филмски Колаж” ја организира @charade_film_production во соработка со БФФ и е поддржана од Министерството за Култура.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.