Како што пишува Дејли Мејл, Британецот ѝ паднал во очи на продуцентката Барбара Броколи, која ги има правата на филмската франшиза за Џејмс Бонд, а моментално, како што пишуваат, тој е најверојатниот кандидат.

Лависконт се прослави со улогата во „Емили во Париз“, а наводно токму оваа работа му помогнала да влезе во потесниот избор за новиот агент 007. “Лусиен го има она што е потребно за да биде новиот Бонд. Тој е исклучително талентиран актер, тој е многу презентабилен и во последните 18 месеци освои многу обожаватели со неговата улога во Емили во Париз. Луѓето кои работат на новиот Бонд веќе можат да го видат во смокинг 007, тој би бил совршен за улогата“, изјави за Дејли Меил извор близок до продукцијата на Бонд.

Сепак, Англичаните нагласуваат дека една работа може да биде пречка за Лависконт, а тоа е неговото учество во Celebrity Big Brother во 2011 година. Производителите на франшизата го гледаат тоа како дамка во кариерата на Лусиен и мислат дека тоа може да му наштети на угледот. Сепак, сѐ друго им е задоволувачко.

Во конкуренција за новиот Џејмс Бонд се споменуваа и Хенри Кавил, Идрис Елба, Том Харди, Рене-Џин Пејџ, Арон Тејлор-Џонсон, Ричард Маден, Том Хидлстон, Силијан Марфи и многу други.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.