Едно од најуспешните македонски филмски остварувања, „Среќна Нова ’49“ на Столе Попов, награден со низа награди и признанија, како: „Големата Златна арена“ за најдобар филм, најдобро сценарио, најдобра музика, споредна машка улога, најдобра маска… во Пула(1986), како и Првата награда од публиката на Меѓународниот филмски фестивал во Порто Алегре (1991), филмот бил прогласен за најдобар југословенски филм за 1986 година и бил предложен за југословенски кандидат за Оскар, но не успеал да влезе во потесниот избор. Денеска може да се погледне во Кинотека.
7 НОЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.
СРЕЌНА НОВА`49
(Happy New `49)
Игран филм, Македонија
1986 г., 125 мин., колор, 35 мм
Режија: Столе Попов (Stole Popov)
Сценарио: Гордан Михиќ (Gordan Mihić)
Улоги: Александар Ѓорчев, Мето Јовановски, Светозар Цветковиќ, Владица Милосављевиќ, Петар Арсовски, Мите Грозданов, Душко Костовски (Svetozar Cvetković, Meto Jovanovski, Vladica Milosavljević, Petar Arsovski, Aleksandar Gjorchev, Mite Grozdanov, Dushko Kostovski)
Дејството на филмот започнува во јуни 1948 година. Група југословенски студенти, на школување во СССР, по несогласувањата меѓу двете земји се враќаат дома. Меѓу другите, се и Драгослав, неговата девојка Вера и блискиот пријател Градимир, кого раздвојувањето со СССР го доведува до низа внатрешни конфликтни ситуации, кои конечно кулминираат со чинот на неговото самоубиство на железничката станица во Суботица. Истрагата во врска со самоубиството започнува веднаш, и Драгослав, како негов пријател и сопатник, дава објаснување за мотивите на самоубиството. Семејството на Драгослав го очекува неговото враќање, дотолку повеќе што неговата мајка, тешко болна, е пред умирање. Таткото Стојан, по професија каменорезец, се грижи за егзистенцијата на семејството. Тука се уште и неговата сестра Нела во годините кога престанува да биде дете, и браќата, помалиот Коле и Коста, гимназијалец, кој пред матурата заминува од училиштето. Тој се занимава со црноберзијански работи. За него нема повеќе авторитети, како што нема ни непознаници во живеењето „на работ“. Драгослав дома ја доведува и Вера со која сака да се ожени. Првата средба на Драгослав и Коста завршува со тепачка поради желбата на постариот брат Коста да живее и да се однесува во согласност со нормите на граѓанскиот живот. Непосредно потоа Драгослав е одведен од ОЗНА. Тој е обвинет дека е советски агент и е задржан во истражниот затвор.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 100 денари
Во овој месец кинотека испланираа сè до половината на месецот да бидат презентирани, во популарно наречената недела на филмот, јапонски филмови. Станува збор за понова продукција на оваа интересна и многу влијателна кинематографија.
НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ
7 НОЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
ФИЛМСКИТЕ ЛАЖГОВЦИ ОД АСАХИ-ЗА
(Hama no asahi no usotsukidomo to / Cinematic Liars of Asahi-za)
Игран филм, Јапонија
2021, 114 мин., колор, ДЦП
Режија: Јуки Танада (Yuki Tanada)
Сценарио: Јуки Танада (Yuki Tanada)
Улоги: Митсуки Такахата, Кјотаро Јанагија, Кајоко Окубо (Mitsuki Takahata, Kyotaro Yanagiya, Kayoko Ohkubo)
ФИЛМСКИТЕ ЛАЖГОВЦИ ОД АСАХИ-ЗА раскажува за Асахи-за, вистинско кино во градот Минамисома, префектурата Фукушима, кое постои речиси 100 години. За разлика од другите кина, во Асахи-за се прикажуваат стари филмови и нема многу публика. Но, и покрај тоа има верни гледачи-филмофили кои го посетуваат киното дури и во времиња на големи катастрофи како што се земјотреси, тајфуни и Ковид пандемијата. Менаџерот на Асахи-за, Јасузо Морита, конечно одлучува да го затвори киното. Кога сака да ги запали старите филмови на 35 мм, ненадејно се појавува една млада жена по име Рико Моги која се обидува да го спречи. Таа доаѓа од Токио за да го спаси киното.
Филмот е уникатен експеримент, снимен по повод 50-годишнината од отворањето на Централната телевизија во Фукушима. Имаше премиера во 2020-тата година (во пикот на КОВИД пандемијата) истовремено и на телевизија и во кино, и претставува мултимедијалната приказна за една млада жена која решава да помогне во оживување на стогодишното кино во еден мал град во Фукушима како начин да ѝ се оддолжи на учителката која ѝ помогнала. Двата дела се поврзани со истата актерска екипа и ликови, но се разликуваат во нивните приказни.
Филмот е режиран од Јуки Танада (Yuki Tanada), една од најпродуктивните и најуспешни режисерки во Јапонија, со кариера од повеќе од 20 години и десетина играни филмови зад себе како режисерка: ДЕВОЈКА ОД МИЛИОН ЈЕНИ (One Million Yen Girl / Hyakuman-en to nigamushi onna, 2008), УТРИНСКИ РЕЦЕПТ (Mourning Recipe, 2013) и МОРУ (Moru, 2001). Нејзиниот опус е разновиден и таа се има испробано во различни жанрови, од комедија до документарен филм. Но, нејзин главен интерес се приказните за жени кои се борат со економските нееднаквости.
Возрасна категорија: 16 години
Влез бесплатен
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.