Октомври официјално го започнуваме со филмска работилница под водство на култниот американски независен филмски режисер Џон Џост – „Learn everything there is to know from a real MoFo“. Работилницата ќе се одржи од 3 до 5 октомври (вторник – четврток) и од 10 до 12 октомври (вторник – четврток). Џон Џост уште од крајот на септември ни гостува во КСП Центар- Јадро и за време на својот престој работи на своите најнови ликовни дела кои ќе може да ги погледнете на изложба во Јадро на крајот на неговиот престој.

Доколку сакате да дознаете „Како можеме да ја ослободиме анималноста во нас?“ дојдете си играме на работилницата за кореографија и танц  „Taming the wild“ со Тереза Лазарев. Пријавете се на [email protected] за оваа работилница која ќе се одржи на 7 октомври 2023.

Неделното попладне на 15 октомври ќе се впуштиме во експериментален простор за дебата и истражување – „The Laboratory of Intelligence Culture“ или „Патувачка Лабораторија“, проект кој по 4 години ги отвора портите.

Две изложби ќе се отворат овој октомври во  КСП Центар – ЈАДРО.

На 17.10.23 (вторник), дојдете на отварањето на самостојната изложба на Сашо Станојковиќ – „Transfer of Responsibility (II): From Point A to Point B“.

А, на 28.10.2023 (сабота), Ве чекаме на отворањето на „Траги“, самостојна изложба на Горан Ристовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.