Крсте Господиновски е награден за најдобар VFX супервизор на International Moving Film Festival во Мексико.

Многу ми е драго што исцрпната работа на визуелните ефекти на долгометражниот филм „Лена и Владимир“, беше препознаена и одликувана со награда за најдобар VFX супервизор, на меѓународниот филмски фестивал International Moving Film Festival кој годинава се одржа во Мексико. Голема благодарност до тимот кој ми помогна да го избуткаме до крај овој проект и секако до DMF Digital media & Film и режисерот Игор Алексов кои ми го доверија овој исклучително комлексен сегмент од филмот, објави Господиновски на својот фејсбук профил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.