ДНФ Филмс организираше премиерно прикажување на краткометражниот филм „Мала шега“ во режија на Трифун Ситниковски, викендов во Киноверзум – Дом на култура „Билјана Беличанец“.

Филмот ја имаше светската премиера на престижниот филмски фестивал во Оденсе, Данска. Овој месец се прикажа и на фестивалот „Браќа Манаки“, додека следни фестивалски прикажувања ќе има во САД, Италија и Узбекистан.

Главни улоги: Јана Никодиновска, Марко Илиевски
Режисер и Сценарист: Трифун Ситниковски
Кинематографер: Сергеј Сарчевски
Монтажер: Гоце Кралевски
Композиторка: Мартина Силјановска
Дизајнер на звук: Ристо Алчинов
Монтажер на звук: Драган Спасов
Сценгорафка: Александра Петковска
Костимографка: Марта Дојчиновска
Шминкерка: Ивана Спироска
Продуценти: Гоце Кралевски, Сашка Цветковска, Адријана Пруговечки

Филмот е продуциран од ДНФ Филмс, во соработка со Истражувачка репортерска лабораторија и Изван Фокуса, и со поддршка на Вардар Филм. Финансиран е од Агенцијата за филм на Р. Македонија и Хрватскиот Аудиовизуелен Центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.