Кога билетите не се само билети…
Оваа вечер ни носи возбудливи новости, официјалната програма и билетите за Winter Apricots 2023!
Оваа година решивме да ја прославиме уметноста на тројца македонски уметници прикажувајќи ги нивните дела на билетите на Winter Apricots 2023, во духот на еден фестивал кој што ги негува и вреднува ситe уметнички форми:
Димитрие Дурацовски, Никола Пијанманов и Борко Лазески.
Билетите ќе можат да се набавуваат од утре, по цена од 100 денари во кафе-галерија “Лувр“ (luvrgallerycafe) од 10.00 до 13.00 часот, или со резервации на телефонскиот број 075 806 340, велат организаторите на Фестивалот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.