Во среда на 25 октомври 2023 година, со почеток од 19:30 часот во Домот на културата во Гевгелија ќе биде прикажан филмот на Јани Бојаџи „Кино Љубов“.
Коста е актер кој четири години е без ангажман во неговиот театар. Дополнително на се, се случува епидемија на корона. Неиграњето го убива. Така доаѓа на идеја да го реализира својот животен сон да направи приватно кино во кое ќе се прикажуваат само љубовни филмови. И решава да земе заем од неговиот шура Стево, инаку познат лихвар во градот. И покрај настојувањето на целото семејство да ја разбере ситуацијата дека Коста не може да го врати заемот, Стево е немилосрден, си ги сака парите назад. Така се растура семјеството потонато во меѓусебни долгови и недоразбирања кои завршуваат со бомба која под колата на Стево му ја подметнуваат сопругата и сестрата.
Категоризација : 16+
Главни Улоги :
Дејан Лилиќ, Јелена Жугиќ, Роберт Ристов, Мирјана Ристова, Благоја Чоревски-Чоре
Режисер : Јани Бојаџи
Производство : 2022
Снимано : Македонија
Дистрибутер Цинема медиа фактори , Револутион Дооел Продукција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.