Британската актерка Кејт Винслет ѝ донирала 17.000 фунти на мајка која се соочува со огромна сметка за енергија поради медицинските помагала кои ја одржуваат нејзината ќерка во живот.
Советот на Клакманашир пишува за Би-Би-Си, дека ја предупредиле Каролин Хантер дека нејзината сметка за струја и гас следната година би можела да ја достигне оваа огромна сума. Нејзината ќерка Фреја (12) има тешка церебрална парализа и се потпира на кислород за хронични проблеми со дишењето.
Хантер сега е во неверување и воодушевена кога ѕвездата од „Титаник“ интервенирала откако го слушнала извештајот на Би-Би-Си за нивната борба.
Винслет, донирала 17 илјади фунти на семејната страница GoFundMe и ја контактирала 49-годишната мајка за да им посака сѐ најдобро.
„Нашето патување како семејство беше многу трауматично и едноставно се чувствував како да сум на работ. Кога слушнав за парите, само плачев – мислев дека не е реално. Сè уште размислувам дали ова е реално?“, рекла Каролин Хантер. .
Семејството Хантер живее во куќа во Тиликултри, зграда која не е енергетски ефикасна, но има доволно простор за опремата на Фреја. Тие во моментов плаќаат околу 6.500 фунти годишно за да работи опремата и да ја загреат куќата – иако Хантер рекла дека го исклучила греењето во повеќето соби за да заштеди пари. Таа работи со полно работно време со умерена плата, па не ја добива истата поддршка како оние со ниски примања. Таа е исто така загрижена дека евентуалните зимски прекини во случај на намалено снабдување со гас може да ја загрозат грижата за Фреја. Покрај церебралната парализа, Фреја се потпира на кислород поради проблеми со дишењето – особено ноќе. На семејството му е потребна помош од најмалку две медицински сестри, кои го следат отчукувањата на срцето и нивото на кислород на Фреја и вршат чести вшмукување за да ги одржуваат нејзините дишни патишта чисти. Во изминатите неколку месеци, собата на Фреја беше единствената што се загревала за неа и нејзиниот персонал да им биде удобно, но г-ѓа Хантер вели дека и таму морале да заштедат .
„Сè уште мрзнеме и уште не сме ни во минус. Ги молам вработените да не го вклучуваат парното ако не е потребно. Советот постави соларни панели за да помогне при прекин на струја, но не верувам дека ќе помогнат со сметката“, изјавила загрижената мајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.