Во киното „Мис Стон“ во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп напладне ќе биде прикажан анимираниот филм „Кариран нинџа“. Филмот е приказна за Алекс, ученикот што добива нинџа-кукла од неговиот чичко Стјуарт по патувањето во Тајланд. Алекс наскоро сфаќа дека чудната шарена кукла со копчиња неместо очи е всушност жива и може да му помогне да се заштити од насилниците на училиште. Меѓутоа, кога Алекс одлучува да возврати на услугата, открива дека нинџа-куклата е опседната и дека тој има мисија да ја одмазди.
Темата на филмот е врсничко насилство. Rежијата е на Торбјорн Кристоферсен и Андерс Матесен, а се базира на книгата од данскиот комичар Матесен. Улогите ги толкуваат Матесен, Ема Сехестед Хоег, Алфред Бјере Ларсен.
Филмот е добитник на наградата „Роберт“ од Данската филмска академија за најдобар филм за деца и млади како и наградата за најдобро адаптирано сценарио.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.