Израелскиот пејач и ѕвезда на ТВ серијата „Фауда“ на Нетфликс, Идан Амеди е ранет во Газа, соопшти неговото семејство, пренесува Klix.ba.
Според неофицијални информации од социјалните мрежи, Амеди наводно бил тешко ранет додека се борел на страната на израелските одбранбени сили (ИДФ).
Порталот „Тајмс оф Израел“ објави дека актерот со хеликоптер бил префрлен во Медицинскиот центар Шеба во Тел Хашомер, каде му била извршена итна, сериозна и долготрајна операција и моментално е под седација и постојан медицински надзор.
Неговиот татко потврди дека Амеди е повреден, но рече дека неговиот живот не е во опасност.
По нападот на Хамас врз Израел, Амеди се пријавил како резервист и се приклучил на ИДФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.