По светската премиера на фестивалот во Токио, каде „Кајмак“ доби големо медиумско внимание, деновиве за филмот се пишува и во Италија. Угледното италијанско филмско списание „ОДГ Магазин“ објави рецензија за „Кајмак“ во која се вели дека е „покомплексен филм со храброст“ и со „особен режисерски глас“.
Во рецензијата меѓу другото се вели:
Со „Кајмак“, неговиот нов филм, Милчо Манчевски ѝ пристапува на филмската леснотија без да ги напушти принципите на своите најпосветени филмови… „Кајмак“ е повеќе заинтересиран за последиците меѓу врските отколку за болноста на еротската активност. Интересно, филмот успева да се истакне и по непредвидливоста на заплетот… Очигледно, сексуалноста е придружена со повторно откривање на родовата идентификација и отцепување од традиционалниот семеен систем, но не во смислата која сме навикнати да ја гледаме во квир филмовите… Така, конфликтот е помеѓу јавнaта пристојност и приватната психофизичка благосостојба во врската… Манчевски не ги цени жанровските ограничувања и затоа „Кајмак“ не треба да се смета за комедија – и покрај тоа што има експлицитна комична нишка – но ниту за драмедија, како што може да навести неговиот шокантен и горчлив крај… Во „Кајмак“ има попрефинет развој, поистакнат избор на теми и присуство на особен режисерски глас, што го прави покомплексен филм, отколку едноставна комедија. Филмот има и храброст да биде смел (истражувајќи тема која може да биде уште поконтроверзна во балканската средина)“.
Манчевски за „ОДГ Магазин“ даде и обемно интервју во кое зборува за својата уметничка постапка и творештво, а за „Кајмак“ открива дека: „Голем дел од филмот е инспириран од вистинска приказна – и тоа е делот од филмот што е најневеројатен и највознемирувачки“.
Во интервјуто, Манчевски меѓудругото вели:
Се чини дека дека денес има повеќе догми во полн ек, кои диктираат што и како може да кажеш, отколку во кое било време по Мекарти и Сталин. Како дел на истата парадигма, често сме сведоци на следново: предметот, темата или каузата се меша со самото дело. Овој пристап, кој често е многу насилен, се чини дека ја игнорира едноставната вистина – може да направиш лош филм за вредна кауза, но добар филм е добар филм, без оглед на темата“.
Манчевски вели дека работата со актерите му е една од омилените фази во создавањето филм.
Македонските актери се од светска класа, често се подобри од холивудските ѕвезди, само што не ги имаат средствата и публицитетот што ги добиваат ѕвездите. Имав среќа (или упорност и цврсти критериуми) секогаш да работам со добри актери. Никогаш не прифатив притисок од студијата или дистрибутерите да работам со исплатливи имиња ако тие не се навистина ептен добри актери. Што се однесува до разликите, мислам британските актери се многу прецизни во комуникацијата за време на процесот, што многу го ценам“, вели е режисерот.
На прашањето како ја гледа уметноста во современиот контекст на актуелна војна, Манчевски вели:
Не мислам дека уметноста може да има прагматичен ефект. Не е толку лесно со уметност да се влијае врз оние кои ги почнуваат војните. Сепак, уметноста – вклучувајќи го и филмот – може да има различен вид ефект. Може да ни зборува (не нужно со зборови или со „пораки“) за човечката состојба, за емоции или концепти кои е тешко да се комуницираат во разговор. Не прави побогати и подобри, не прави да чувствуваме, да мислиме и да знаеме. Ова се многу големи нешта и затоа ме растажува кога некој се обидува да го користи филмот или уметноста воопшто како образовно средство или за да турка агенда. Уметноста е многу поголема од нечија идеолошка агенда“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.