Познатиот актер Метју Пери, познат по улогата на Чендлер Бинг во хит-серијата „Пријатели“, почина како последица на консумирање кетамин.
Но, кетаминот не бил препишан од лекар, а се води истрага кој го снабдувал Метју со кетамин во фатални дози.
Оние кои на актерот му го продале фаталниот кетамин може да добијат затвор до четири години, изјави адвокатот Тре Ловел за „Сан“.
Кога Метју го пронашле во кадата, тој веќе бил мртов, а според обдукцијата смртта била предизвикана од лекот кетамин и давење. Во моментот на смртта, тој имал исто ниво на кетамин во телото како пациент под анестезија.
Актерот отворено проговорил за својата зависност, а споменатиот кетамин го добил и за медицински цели. Одел на терапии кои му помогнале да се избори со депресијата, а лекот го добил легално од лекар.
Последен пат бил на овие терапии повеќе од седум дена пред неговата смрт, а овој вид на лек го напушта организмот неколку часа по консумирањето. Полициската управа во Лос Анџелес истражува од кого актерот ја добил дрогата која на крајот го чинела живот. Иако се верува дека неговата смрт е предизвикана од комбинација на несреќни околности, обвиненијата сепак ќе бидат покренати.
Извори од полицијата навеле дека истрагата е при крај, и дека може да бидат обвинети повеќе лица, пренесува магазинот „Пипл“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.