Британскиот актер Хју Грант пред неколку дена изненадно се појавил на божиќен ручек во Лондон, каде што им служел храна на повозрасни жители на општината на населбите Хамерсмит и Фулам.
– Им благодарам на сите што ни се придружија на годинашниот голем божиќен ручек на „Ејч енд Еф“, вклучувајќи го и многу специјалниот гостин, Хју Грант. Глумецот ни помогна да им послужиме ручек на 500 тукашни постари луѓе кои инаку би го славеле Божиќ сами. Сите бевме воодушевени што беше кај нас. Ова беше вистинска љубов, изјави гласноговорникот на Советот на Хамерсмит и Фулам.
Грант (63) се дружеше со учесниците на настанот и доброволците и се фотографираше со нив.
Ова не е првпат глумецот да ја покаже својата добра намера. На почетокот на декември, на пр., тој му даруваше 20.000 фунти на „најљубезниот британски водоводџија“ Џејмс Андерсон, познат по тоа што доброволно услужува илјадници повозрасни, и лица со попреченост преку неговата добротворна организација „Дефер“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.