Актерот Хју Џекмен на социјалните мрежи објави видео во коешто „ја замоли“ американската Академија за филмски науки и уметност да не го номинира неговиот колега Рајан Рејнолдс за „Оскар“ оваа година.
Рејнолдс е во потесниот круг за номинација за најдобра песна, за „Good Afternoon“ од божиќниот филм „Spirited“, во којшто глуми со Вил Ферел.
Го сакам „Spirited“ како филм, го гледав со целото семејство и навистина уживавме. Го сакам Ферел, ја сакам Октавија Спенсер и ја сакам песната „Good Afternoon“. Се смеев во текот на целиот филм и тој е брилијантен“, вели Џекмен.
Потоа, Австралијанецот почнува со малку поинаков тон.
Сепак, Ве молам од сѐ срце, Ве молам не го земајте предвид Рајан Рејнолдс во номинациите за „Оскар“. Ако Рејнолдс е номиниран во категоријата за најдобра песна, мојот живот би бил неподнослив следната година. Видете, морам да ги снимам „Вулверин“ и „Дедпул“ со Рејнолдс оваа година. Ако ја добие таа номинација, ќе биде невозможно да снимаме со него и тоа ќе биде голем проблем“, додава Џекмен.
Се разбира, сè ова е шега. Рејнолдс и Џекмен со години јавно се задеваат и „тролаат“, на задоволство на нивните обожаватели ширум светот, а последното видео на Хју само може да му помогне на Рајан во добивањето номинација, а не обратно.
Освен тоа, Рејнолдс веќе го сподели видеото на Џекмен на својот Инстаграм, со хумористичен коментар.
Знам дека сѐ уште е рано, но убаво попладне и за вас, г-н Џекмен“, напиша глумецот кој е предмет на шегата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.