По кусото појавување како „Супермен“ во суперхеројскиот филм „Црниот Адам“, Хенри Кавил на Инстаграм потврди дека се враќа во својот црвено-син костим.
Сакав да почекам да заврши викендот пред да го објавам ова, затоа што сакав да ви дадам можност сите да го гледате „Блек Адам“. Но, сега кога сите сте тука, сакам ова да биде и официјално – се враќам како Супермен – соопшти британскиот глумец.
Кавил им се заблагодари на обожавателите за поддршката и трпението, додавајќи дека тоа ќе биде наградено.
Тој го толкуваше „Човекот од челик“ во истоимениот филм од 2013 година, па во „Бетмен против Супермен“ од 2016., „Лигата на правдата“ од 2017., како и во проширената, „маратонска“ верзија на последниот филм, издаден 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.