Харисон Форд го претстави петтиот филм од серијалот „Индијана Џонс” на шоуто „Д-23“ на „Дизни“ во околијата на Лос Анџелес. Околу 6.000 луѓе притоа му ракоплескаа на 80-годишниот американски глумец.

Филмот допрва ќе го добие насловот, а ќе биде објавен на 30 јуни 2023 година.

Многу сум горд што можам да кажам дека (филмот, з.п.) е фантастичен! И таа е една од причините (покажува кон другата ѕвезда на филмот, глумицата Фиби Волер-Бриџ)… Да се ​​следи овaa личност е исцрпувачки! – изјави Форд, видно возбуден.

Форд изјави дека ова е негов последен настап како Индијана Џонс. Овојпат, првпат режисер не е Стивен Спилберг, туку Џејмс Манголд.

Во филмот глумат и Мадс Микелсен, Тоби Џонс и Антонио Бандерас.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.