Документарниот игран филм „Градина“, режиран од Бојан Тантуровски, ќе има своја премиера вечерва во 20:30 часот пред Куршумли ан, како дел од Фестивалот за креативен документарен филм „Македокс“. Пред главната проекција, публиката ќе има можност да го погледне хрватскиот филм „Попрво би била камен“.

Проекцијата е дел од програмата „Нови автори“. Филмот, кој бил работен во изминатите пет години, ја раскажува приказната за група пензионери, урбани герила градинари од периферијата на Скопје, кои по повеќе од 35 години се принудени да ги напуштат своите градини. За овие луѓе, градините се повеќе од само место за одгледување земјоделски производи; тие претставуваат простор за социјализација, бегство од градскиот живот и важен начин за преживување надвор од урбаната џунгла.

Голема благодарност до Аранѓел, Стана, Нада, Ахмо и Шемсудин, што ни дозволија да станеме дел нивното секојдневие и што ја споделија со нас оваа приказна. Од оваа дистанца изглада навистина лесно да раскажеш ваква филмска приказна, кога покрај себе имаш неверојатно креативна и вредна екипа на документаристи како режисерот Бојан Тантуровски, кинематограферот Кирил Шентевски, монтажерот Горан Вуќиќ како и дизајнерот на звук Марко Наумовски. Голема благодарност до Пеце Талески и тимот на OXO Продукција за поддршката низ годиниве – велат продуцентите.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.