Американскиот актер и комичар Боб Сагет починал од повреда на главата, за која веројатно не верувал дека е опасна, објави неговото семејство.

Сагет беше пронајден мртов во неговата хотелска соба на 9 јануари во Орландо, Флорида, еден ден по стенд-ап настапот во близина на Џексонвил.

Властите заклучија дека Боб починал од повреда на главата. Констатирано е дека случајно се удрил во задниот дел од главата, мислел дека не е ништо опасно и отишол да спие, соопшти неговото семејство.

Инспекторите претходно негираа дека Сагет умрел од предозирање или дека бил убиен, туку од почеток веруваа дека се работи за срцев или мозочен удар.

Погребот на ѕвездата од „Полна куќа“ и „Најсмешните американски видеа“ се одржа на 14 јануари во Лос Анџелес.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.