„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски ја освои главната награда „Аурора“ на Меѓународниот филмски фестивал во Тромсе, Норвешка, кој се одржа од 15 до 21 јануари, а наградата, меѓу другото, беше и парична во износ од 5.000 евра. По овој успех следува и американската кинопремиера на 26 јануари.

„Домаќинство за почетници“ е третиот филм, а прв македонски на македонско-австралискиот автор Горан Столевски. На 6 септември имаше светска премиера на 80. Филмски фестивал во Венеција во програмата „Хоризонти“, при што доби одлични рецензии и ја освои една од паралелните награди „Квир лав“. Беше и македонскиот кандидат за „Оскар“, но не влезе во потесната листа за номинација.

Главните улоги ги играат Анамариа Маринка и Алина Сербан од Романија, Самсон Селим, Миа Мустафа и Џада Селим од Македонија и Владимир Тинтор од Хрватска. Во споредни улоги се македонските актерки Сара Климоска и Ајше Усеини и Розафа Челај од Косово.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.