Францускиот институт во Скопје организира ексклузивна гала филмска вечер „Најдоброто од Франција“, во рамките на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје.

Филмот „Нешто малку поинакво“ ќе биде прикажан в среда, 30 октомври 2024, во 20:00 часот, во киното „Синеплекс“, во Скопје Сити Мол.

Се работи ексклузивна премиера во регионот на најуспешниот филм во последните 10 години во Франција, со досега продадени над 10 милиони влезници.

 

Присуство на премиерата на филмот е со покана, а потоа следи редовно прикажување на репертоарот на Синеплекс, од 31 октомври до 6 ноември 2024.

Во режија на Артус, со Артус , Кловис Корнијак и Алис Белаиди во главните улоги.

Што напишаа француските медиуми за „Нешто малку поинакво“:

 

  • „Уште со својот прв филм, Артус успева да ја насмее публиката, вешто избегнувајќи ги клишеата и исмевајќи се со нашите двојни стандарди без да притоа да морализира.“ (Ел / Elle)
  • „Нешто малку поинакво“ воспоставува врска помеѓу „лажен инвалид“ и хендикепираните. Самиот филм е гротескен, смешен, а истовремено и многу трогателен. (Ле Паризјен / Le Parisien)
  • „Ликовите се симпатични. Вистинска лекција за хуманост и скромност.“ (Ле Жирнал ди Диманш / Le Journal du Dimanche)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.